Пеп Гвардиола во неколку наврати низ годините јасно стави до знаење дека неговата тренерската етапа во Барселона е завршената, а во ситуација кога неговата втора ера како предводник на тимот е целосно исклучена, новинарите се обидуваат да дознаат дали би се вратил во клубот за да извршува некоја друга функција која носи уште поголема одговорност.
Во интервјуто за каталонското радио „RAC1“, Гвардиола доби прашање дали во иднина би прифатил да ја води Барселона како претседател на клубот, по што аткуелниот менаџер на Манчестер Сити дал уште еден негативен одговор.
– Јас не ја одбивам Барселона, едноставно сметам дека има етапи во животот кои не треба да се повторат. Го велам тоа бидејќи животот нуди нови шанси за сите, но и нови етапи со други луѓе.
– Има млади тренери кои можат да влезат со иста страст какошто јас влегов пред многу години. Има млади тренери кои сакаат да го повторат тоа што го направи мојот тим.
– Носење вратовска и одело во претседателската ложа? Не, не можам да се замислам себеси како го правам тоа, – кратко одговорил Пеп.







