Репрезентативците отпатуваа за Кардиф: Милевски и играчите фокусирани на позитивен финиш на квалификациите

Дерби

16/11/2025

16:53

363

Големина на фонт

а а а

Македонската фудбалска репрезентација денеска го одработи последниот тренинг во Скопје, па неколку часа подоцна отпатува за Кардиф, каде задутре го играме последниот натпревар во квалификациската група за СП 2026.

Македонија му гостува на Велс во директен дуел за второто место и селекторот Благоја Милевски и неговите избраници покрај подобриот пласман, ќе се обидат да го заокружат овој квалификациски циклус без ниту еден пораз, нешто што досега не ни успеало во минатото.

Нашите најдобри фудбалери денеска ќе пристигнат во Кардиф, каде утре ќе го одработат и единствениот тренинг на теренот на кој во вторник ќе се соочат со Велс.

Првиот натпревар меѓу овие две репрезентации заврши со резултат 1:1.