Најзабележителен играч на „Сан Сиро“: Норвешки фудбалер го привлече вниманието со „Родман фризура“

Дерби

17/11/2025

13:19

178

Големина на фонт

а а а

Норвешка одигра перфектни квалификации и тоа го потврди со висока победа над Италија на „Сан Сиро“, натпревар кој ќе се памети по различните две полувремиња кои ги гледавме, но и по имиџот на Јулијан Риерсон.

Десниот бек на норвешката фудбалска репрезентација беше најзабележителен играч на теренот, а причина за тоа беше специфичната фризура со која се претстави на „Сан Сиро“.

Ѕвездата на Борусија Дортмунд и во минатото знаела да го привлече вниманието со својот имиџ, но сега се надмина себеси со фризура во стилот на легендарниот Денис Родман.

Риерсон беше играчот кој убедливо најлесно се препознаваше на теренот, а причина за тоа беа кафеавите точки на обоената коса во леопардски стил.

Јулијан е фудбалер кој поседува и американско државјанство од страната на својот татко, но десниот бек сега ќе биде дел од едно Светско првенство како член на норвешката репрезентација.