Српскиот капитен: Свесни сме за фијаското, но Албанија нема да игра на СП

Дерби

17/11/2025

11:51

303

Големина на фонт

а а а

Филип Костиќ ја доби капитенслата улога од новиот селектор на Србија, а на вториот меч под водство на Велјко Пауновиќ се израдува и на прва победа.

Фудбалерот на Јувентус беше лидер на тимот во пресвртот од 2:1 над Летонија и одржа говор пред соиграчите по последниот судиски свиреж, но привлече внимание и со изјавата која ја даде за новиот селектор, но и за албанската фудбалска репрезентација која им приреди болно соочување со реалноста.

– Повторно одигравме лошо прво полувреме, не пресече нивниот гол. Второто полувреме беше одлично, покажавме карактер и покажавме дека овој тим може да напредува. Добро работиме, има доста нови идеи од новиот селектор и ќе ни биде потребно малку време за тоа. Мораме да веруваме во себе и да преземеме одговорност.

– По крајот на мечот, ги собрав фудбалерите и им порачав дека мораме да играме со срце еден за друг, побарав да го чуваат тоа за наредниот собир. Ова е големо фијаско и неуспех за нас и мора да преземеме одговорност.

– Тешко ни е поради тоа што загубивме секакви шанси за Светско првенство, нема да одиме ниту во бараж. Сметам дека моравме да завршиме втори, а Албанија нема квалитет и мислам дека нема да се пласира на Светско првенство преку плејофот, – изјави Костиќ.