Ширер: Аморим и Јунајтед преплатија едно летно засилување

Дерби

17/11/2025

14:17

205

Големина на фонт

а а а

Рубен Аморим ги доби Матеус Куња и Брајам Мбеумо во раната фаза на летниот преоден рок, но откако стана јасно дека клубот ја губи трката со Арсенал за Виктор Ѓокереш, португалскиот стручњак се сврте кон Бенјамин Шешко.

Иако преговорите не беа лесни, Јунајтед на крајот ја доби битката со Њукасл и го привлече Шешко во своите редови, но за да го направи тоа, издвои 74 милиони фунти.

Оваа сума му донесе дополнителен товар на напаѓачот кој нема никакво премиерлигашко искуство, а после скромниот старт кој го има во новата авантура, Словенецот се почесто добива и забелешки во јавноста.

Алан Ширер смета дека Јунајтед изреагирал очајнички во обидот да добие нова „деветка“, при што според него, најголем добитник од целата ситуацијата е Ред Бул Лајпциг.

– Еден играч кој мора да биде далеку подобар за Манчестер Јунајтед е Бенјамин Шешко. Јунајтед плати повеќе од 70 милиони фунти за него, а тоа се многу пари.

– Знам дека трансфер пазарот стана лудо место за сите, но тоа беше премногу за Шешко. Тој има тежок старт на авантурата во Англија и да бидам искрен, јас не очекувам многу големи работи од него. Сметам дека е добар фудбалер, но ништо повеќе од тоа. Имаше шанси да постигне повеќе голови досега, но не реагираше добро пред голот, – изјави Ширер за „Бетфер“.