[ВИДЕО] Ѕвездите на Лејкерс имаа бизарен проблем со судијата, Адетокумбо покажа вистинска класа

Дерби

16/11/2025

16:57

430

Големина на фонт

а а а

Лос Анџелес Лејкерс славеше како гостин на дуелот со Милвоки одигран рано утринава, а гостинските играчи по крајот на дуелот решија да му ја подарат топката од натпреварот на својот соиграч, дебитантот Аду Тиро.

Тиро ги постигна првите поени во НБА и неговите поискусни соиграчи се обидоа да му обезбедат важен сувенир, но наидоа на неочекуван отпор од главниот судија на средбата.

Истиот им ја зема топката на гостинските играчи со објаснување дека таа не е негова и тој не може да ја подари никому, драмата и убедувањето траеја, а она што не можеа Вандербилт, Ривс, Дончиќ и останатите, му успеа на Јанис Адетокумбо.

Најголемата ѕвезда на Милвоки сфати за што се расправаат ривалите и судијата, па лично тој ја презема топката од еден од клупските вработени и им ја предаде на кошаркарите на Лејкерс, потег за кој грчкиот репрезентативец доби многу комплименти.

– Тоа што го направи Јанис е вистинска класа, – изјавил Ривс по натпреварот.