Ерлинг Халанд ја продолжи својата импресивна гол серија и на „Сан Сиро“, стадион на кој го водеше походот на Норвежаните во нова убедлива победа над Италија.
„Аѕурите“ имаа предност од 1:0 и изгледаа како целосно подобар тим во првиот дел, но во вториот дел целосно се распаднаа и примија четири гола, од кои два беа дело на капитенот.
Халанд покажа класа и во два наврати го матираше својот соиграч Џиџио Донарума, но пред да дојде до тоа, имаше конфронтација со италијанскиот стопер Манчини.
Во еден момент, Халанд навистина беше лут и бесен на противникот, а по мечот во интервју за „ТВ2“ открил за што станувало збор.
– При резултат 1:1, почна да ме фаќа за задникот и за косата. Го прашав дали е свесен што прави, а потоа го искористив тоа како дополнителна мотивација. После тоа постигнав два гола и победивме 4:1. Тоа се случи благодарение на Манчини, – изјавил Халанд.
Видеото погледнете го ТУКА.






