[ВИДЕО] Јужноафрикански блогер тврди: Брисел е највалканиот и најопасен европски град

Точка

12/11/2025

19:12

1.262

Големина на фонт

а а а

Јужноафриканскиот блогер, Курт Каз го нарече Брисел, седиштето на институциите на Европската Унија, „највалканиот и најопасниот град во Европа“, во неговиот видеоблог кој привлече големо внимание.

За време на неговиот престој во белгиската престолнина, Каз прикажал сцени кои се во остра спротивност со сликата за „уредениот и безбеден Запад“ што Брисел со години настојува да ја прикаже.

Блогерот забележал бројни бездомници, дури и пред зградата на Европската комисија и валкани улици преполни со ѓубре. „Само половина од населението на овој град има европско или германско потекло“, рече Каз, додавајќи дека разговорот со еден бездомник бил особено впечатлив: „Европејците повеќе немаат деца. Тие се е*ени идиоти“, рекол бездомникот.


Во снимката што ја сподели со своите следбеници, јужноафриканскиот блогер ја прикажал најголемата железничка станица во Брисел, опишувајќи ја како место „кое ноќе станува опасно и непријатно за минувачите“. На снимката можат да се видат шприцеви, кондоми и ѓубре на подот, додека Каз констатирал:


„Најголемата железничка станица во Брисел… Ова место е всушност јавен тоалет. Има урина насекаде“.

Снимката на Каз предизвика голем број реакции, особено во контекст на растечкото чувство на несигурност во западноевропските метрополи. Швајцарскиот весник „Ноје Цирхер Цајтунг“ неодамна објави дека само 14 отсто од жителите на германскиот град Хановер се чувствуваат безбедно во центарот на градот по стемнување.

Поради зголемениот број инциденти, властите во Хановер вовеле „зона без оружје“ по 21 часот, при што полицијата има право случајно да проверува документи. Вработените во обезбедувањето предупредуваат дека зависниците од дрога станале голем безбедносен проблем – нивниот број расте, а судирите се секојдневна појава.

Додека Европската Унија упорно продолжува да зборува за „вредности, стабилност и безбедност“, снимки како оваа покажуваат сè подлабока криза во самото нејзино срце – во Брисел, град што го симболизира токму она што Европа некогаш сакала да биде, но очигледно повеќе не е.