[ФОТО] Музеј што „плови“ во морски канал е новото чудо на Дубаи

Точка

12/11/2025

19:58

479

Големина на фонт

а а а

Музејот на уметност во Дубаи ќе биде нова препознатлива точка и архитектонско обележје на овој град во Обединетите Арапски Емирати.

Музејот, дизајниран од познатиот јапонски архитект Тадао Андо, беше неодамна претставен. Закривената, монолитна градба треба да биде сместена на кружна платформа во „Dubai Creek“ – морски канал што го дели градот на два главни дела.


Тоа ќе биде петкатна зграда што ќе вклучува неколку галерии, ресторан, ВИП салон, библиотека, читални и мултифункционални сали за можни идни уметнички саеми.


Музејот на уметност во Дубаи ќе има и кружна изложбена сала во форма на школка. Во центарот на зградата ќе има цилиндричен отвор што ќе пропушта природна светлина низ целата структура и ќе создава впечаток на бисери. При дизајнирањето на овој простор, Тадао Андо бил инспириран од два симбола на богатото наследство на Дубаи – морето и бисерите.



Музејот е замислен како глобална платформа за етаблирани и млади уметници, но и извор на инспирација за посетители од целиот свет. Планирано е во него да биде изложен широк спектар на дела од модерната уметност.


Засега нема информации за тоа кога Музејот на уметност во Дубаи ќе биде изграден или отворен за јавноста, само е познато дека проектот ќе го реализира локалниот инвеститор Ал-Футаим.