Идната невеста Хејли, која ја планира својата венчавка за 2027 година, сподели на „TikTok“ неверојатно искуство откако купила венчаница за само 14 фунти (околу 16,50 евра) преку популарната платформа „Vinted“. Кога фустанот пристигнал, таа останала целосно шокирана од тоа што добила за толку ниска цена.
Хејли, која се свршила во август оваа година, решила да се обиде со половна венчаница и целиот процес на подготовка за венчавката го споделува со своите повеќе од 75.000 следбеници на „TikTok“.
„Нарачав венчаница од ’Vinted‘ за 14 фунти. Дали да ја погледнеме?“, праша таа во видеото, објаснувајќи дека сакала да види какви половни венчаници се нудат на пазарот – и веднаш останала без зборови.
Додека внимателно го одмотувала горниот дел на фустанот, открила прекрасен корсет со подебели прерамки, квадратен изрез и богата везена декорација.
„О, Боже', успеала само да изусти, пред да го рашири и фустанот украсен со детали по долниот раб.
@hayleighjmc STEP ASIDE VIVIENNE WESTWOOD I’ve got a £14 secondhand wedding dress instead xoxox #weddingdress #weddingdresstryon #vintageweddingdress #secondhandfind #thriftfind ♬ What Floor? - idokay
„Се чувствувам како принцеза“
На барање на бројните следбеници, ден подоцна објавила ново видео во кое ја пробала венчаницата. На општо воодушевување – фустанот ѝ стоел совршено.
Откако сама го затегнала корсетот, гордо го покажала конечниот изглед, вртејќи се радосно пред камерата.
„14 фунти? Дали се шегуваш? ’Vivienne Westwood‘, кој? Ова чинеше 14 фунти, или околу 15 со достава – што е ова?!“ – изјави таа возбудено, покажувајќи ги деталите на фустанот од брендот „Essence.“
„Се чувствувам неверојатно. Се чувствувам како принцеза', додаде со насмевка.
@hayleighjmc Replying to @TigOlKitties OH MY GOODNESS ME £15 wedding dress?! #weddingdress #2027bride #weddingdresstryon #weddingdressinspo #bridetobe ♬ Debussy Arabesque - Isabelle Perrin
Лавина позитивни реакции
Нејзиното воодушевување го споделија и следбениците, кои ја преплавија секцијата за коментари со пофалби.
„Каква зделка, а и совршено ти стои', напиша една корисничка.
Други додадоа:
„Го доби џекпот со овој производ. Прекрасна си – едвај чекам да ја видам кога ќе биде приспособена само за тебе.“
Без сомнение, потрагата на Хејли по венчаницата од соништата заврши повеќе од успешно.















