[ФОТО/ВИДЕО] Семејство патувајќи поминало повеќе од 160 километри, а потоа следел шок: На покривот од автомобилот сето време возеле...

Точка

21/10/2025

09:46

4.831

Големина на фонт

а а а

По 160 километри возење, едно семејство открило необичен сопатник на покривот од автомобилот.

Семејството Денардо се подготвувало за големо патување – најпрво на маратон во Њу Хемпшир, а потоа во обиколка на Њујорк. Ги оставиле сите домашни миленици дома, но еден од нив имал поинакви планови: мачорот Реј Реј не сакал да остане затворен меѓу четири ѕида.

По отприлика 160 поминати километри, додека семејното комбе се движело по автопатот со брзина од околу 120 километри на час, Денардови не можеле да поверуваат на своите очи. Имено, кога застанале на бензинска станица, на покривот од комбито го здогледале мачорот.

„Се возевме околу два часа и моравме да застанеме. Мојот сопруг излезе да наточи гориво и само викна: ‘Мачорот е на покривот!’“, раскажала Мара Денардо.


„Беше неверојатно. Никој не можеше да поверува дека преживеал толку долго патување, со ветер, дупки и густ сообраќај. А најчудно од сè, воопшто не беше исплашен, изгледаше како да ужива“, додала таа.

Семејството брзо сфатило дека Реј Реј едноставно мора да остане со нив. По кратко застанување во продавница за домашни миленици, официјално го вклучилево нивната авантура. Ги следел на маратон, а потоа и во истражувањето на улиците на Њујорк од удобниот ранец на грбот, привлекувајќи погледи и насмевки од минувачите.

Мара открила и како мачорот успеал да го преживее „лудото возење“: цврсто се држел за багажот прицврстен на покривот, што му обезбедило стабилност и безбедност во текот на целото патување.

Фотографии и снимки од храбриот Реј Реј станаа вистински хит на социјалните мрежи, а луѓето ширум земјата беа воодушевени од неговата авантуристичка природа. „Му беше одлично – доживеа вистинска авантура“, заклучила Мара.

Реј Реј е доказ дека и најнеочекуваните сопатници можат да станат ѕвезди на патувањето – особено кога станува збор за мачка која одлучува да го доживее автопатот на свој начин.