[ФОТО] Оглас за работа во кафуле во Хрватска привлече внимание: „1300 евра, а половина смена одмараш; колективот не те ‘дави’, а шефот не ти вика“

Точка

21/10/2025

17:35

1.274

Големина на фонт

а а а

Оглас за работа во едно кафуле на Клис, Хрватска, се прошири на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции.

„Половина смена одмараш“

„Доста ти е од работи каде што те газат за ситни пари? Сакаш работа каде што си чесно платен и каде што половина смена, реално, одмараш? Продолжи да читаш. Ова не е шега.

Работа каде што буквално половина смена одмараш – да, седиш, гледаш во празно или во мобилен (додека не пречи). Утринската смена е од 6 до 14 часот од понеделник до сабота, а во недела од 7 до 14 часот. Попладневната смена е од 14 до 23 часот, но често завршува и порано. Работата е во колектив кој не те „дави“, со шеф што не вика (сè додека си ја вршиш работата)“, стои во огласот.


„Што очекуваме од тебе? Да си нормален/на. Да доаѓаш на работа навреме. Да сработиш што треба – кога треба. Искуството е важно (барем малку). Дополнителни поени ако знаеш да „фрлиш“ некоја добра шега кога е тивко и ако не си алергичен/на на кафе и смеа“, продолжува огласот.

„Ова е работа поради која нема да зажалиш. А и ако зажaлиш – барем половина од времето си седел/а“, стои на крајот.

Плата?

Платата е 1300 евра, а договорот е на неопределено време.

Огласот веднаш го привлече вниманието на интернет.

„Одличен оглас“, „Секоја чест, може ли работник од Босна?“, се некои од коментарите на социјалните мрежи.

Сопственикот на кафулето, Анте Смодлака, се огласил за „Slobodna Dalmacija“: „Побарувачката за работа не е голема. Слабо ми се јавуваат работници, всушност, единствените кои навистина се заинтересирани се странски работници, но не сакам странци. Хрвати – слабо. Главно разменуваме една-две пораки и на тоа останува“, вели тој.