Нејт Диаз проговори за најстрашната борба во својата кариера – онаа по која не можел да спие

Точка

09/10/2025

11:29

670

Големина на фонт

а а а

Браќата Нејт и Ник Диаз важат за едни од најлегендарните и најцврсти борци во историјата на "MMA". Познати по својот бескомпромисен став, безброј пати влегувале во судири без разлика кој стоел од другата страна.

Нејт, роден во Стоктон, отсекогаш бил подготвен за борба – што го потврди и со реакцијата на "UFC 318" во јули, кога повторно изјави дека и понатаму се смета за единствениот вистински „BMF“ шампион, по борбата за инаугуралната титула во 2019 година. Сепак, и покрај репутацијата на бестрашен борец, 40-годишниот Диаз неодамна призна дека постоел еден противник кој навистина му влеал страв во коски.

Борбата што ја обележа неговата кариера

Гостувајќи во поткастот на Џејк Шилдс – „Fight Back“, Нејт Диаз се осврна на клучните моменти од својата UFC кариера. Поранешниот борец од лесна и велтер категорија објасни дека навивачите често очекуваат да ги спомене легендарните судири со Конор Мекгрегор. Иако ја признава важноста на тие мечеви, Диаз нагласи дека некои други борби, поради нивната тежина во тој момент, му останале подлабоко врежани во сеќавањето.

Посебно издвојува две борби, а една од нив била против борец што длабоко го почитувал.

„Борбата со Таканори Гоми – Гоми беше GOAT кога јас што почнував“, рече Диаз .

Тој го победи Гоми со задушување во првата рунда на "UFC 135" во септември 2011 година – што беше трет настап на поранешната легенда во „октагонот“.

Дополнителна тежина на мечот му давал фактот што неговиот брат Ник веќе ја имал победено јапонската ѕвезда четири години претходно, иако победата подоцна беше поништена поради позитивен тест на марихуана. Тоа создало дополнителен притисок за Нејт.

„Да го победам Гоми – тоа беше најстрашната борба во мојот живот, и затоа се случи така совршено. Тој е постар и не е на врвот, ама јас го гледав, многу од мојот стил го градев од него. Си велев: ’Брате, ти си тој тип, а јас сега се борам со тебе? А Ник веќе те победи, па сега си лут на мене? Тешко ќе заспијам вечерва“, раскажа Диаз .

Судирот со „Каубој“ Сероне

Освен борбата со Гоми, Диаз како уште една клучна пресвртница ја издвојува и борбата со Доналд „Cowboy“ Сероне. Додека мечот со Гоми бил судир со идол, овој бил борба со цел да испрати јасна порака.

Во тоа време, Сероне бил во силна серија со четири последователни победи по преминот од "WEC", и се сметал за еден од најдобрите борци во лесната категорија.

Диаз се присети како го прекинал неговиот победнички низ со една од своите најдоминантни изведби:

„Тоа беше најголемото ср*ње кога се борев со ’Cowboy‘. Тоа беше борба против типот кој беше новата ѕвезда што доаѓаше од ’WEC‘. Па го разнесов и го прашав – што има? И тоа за мене беше огромен момент во кариерата.“

Со вакви приказни, Нејт Диаз уште еднаш потврдува зошто останува еден од најавтентичните и најстрасни борци во историјата на "MMA" – човек што се бори со срце, дури и кога самиот страв му станува противник.