Мбапе ги расчисти дилемите: Подготвен сум за игра, Реал не прави никаков проблем

Дерби

09/10/2025

16:59

221

Големина на фонт

а а а

Килијан Мбапе по свое убедување отпатува за Франција и покрај тоа што заработи повреда на последниот натпревар против Вилјареал, па иако до денес беше неизвесен за настап на утрешниот меч со Азербејџан, капитенот сега пресече и нагласи дека дефинитивно му стои на располагање на Дидие Дешамп.

Напаѓачот порача дека станувало збор за полесно извитување на зглобот на последниот првенствен натпревар во Ла Лига, па неколку дена подоцна, се чувствува добро и подготвено за игра, иако досега не одработи ниту еден тренинг со своите француски колеги.

– Сакам да игра, тренерот сака да играм и сметам дека нема да има никаков проблем за да излезам на теренот. Се чувствувам добро, разговарав со тренерот и денеска ќе го имам потребниот тест. Не тренирав изминатите денови, но денеска ја имам вистинската проба.

– Не чувствувам никаква непријатност и сакам да продолжам по својот пат кон пласман на мундијалот. Знам дека сите клубови сакаат да ги заштитат своите играчи, но за нас најважна е француската репрезентација.

– Во Мадрид се оди какошто треба, имаше искрена и јасна комуникација. Имав мал проблем со зглобот, но сакав да дојдам и клубот го сфати тоа, – изјави Мбапе.