Лампард убеден дека Челси добива „нов Канте“: Тоа е фер споредба

Дерби

09/10/2025

17:00

305

Големина на фонт

а а а

Челси го победи Ливерпул во големото дерби со резултат 2:1 благодарение на голот кој го постигна Естевао во самата завршница, но всушност играч на мечот беше Мозес Каиседо.

Еквадорецот полека почна да ги опрадува огромните средства кои ги вложи Челси за неговиот трансфер, па ако досега беше препознатлив само по деструкцијата и жестоката битка на средината на теренот, од стартот на оваа сезона се докажува и како голгетер.

Каиседо го постигна третиот погодок на дербито против Ливерпул, па медиумите почнаа да го споредуваат со Нголо Канте, или со Клод Макелеле.

– Гледам дека се развива голема споредба меѓу Каиседо со Канте, но и со Макелеле. Двајцата имав можност да ги гледам одблизу и двајцата беа извонредни, – вели Френк Лампард, легендарниот офанзивец на „сините“.

– Макелеле беше поразличен тип на играч од Канте. Нголо знаеше да биде на секој дел од теренот, додека Макелеле беше попозициониран и си ја вршеше својата работа. Ги сфаќам споредбите поради позицијата и стилот на игра. Каиседо дефинитивно може да го прави тоа што го правеше Макелеле, добро покрива простор и тоа веќе ни го покажа со сезони наназад.

– Но, сега гледаме дека има и Канте-елементи во својата игра. Нголо можеше да го прави тоа, можеше да биде на секој дел од теренот и да постигнува голови. Сметам дека е фер споредбата меѓу Каиседо и Канте, иако Моизес се уште е многу млад и се уште треба да расте. Треба да продолжи со континуитетот на добри партии и се надевам дека ќе дочека уште поубави моменти во Челси, – завршува Лампард.