Рабио го предупреди Леао: Не е веќе млад играч, мора да се запраша…

Дерби

08/10/2025

20:15

376

Големина на фонт

а а а

Рафаел Леао немаше перфектен кам-бек на терените и пред се не се прослави на дербито со Јувентус каде играч од негова класа мора да реализира зицери и да донесе победи за својата екипа.

За тој негов настап против „бјанконерите“ доби доста критики од јавноста, дел од фудбалските легенди, па и тренерот Масимилијано Алегри. Повеќе од јасно е дека Леао ќе мора да го крене нивото на игра, да покаже дека може да биде лидер, да биде константен играч што може да прави разлика.

Адриен Рабио од оваа сезона е дел од Милан, па одлучи да му даде еден совет на напаѓачот.

-Знам дека луѓето многу зборуваат за него. Тој е играч со голем потенцијал, но на 26 години веќе не си млад. На негови години нема повеќе време за губење; времето брзо поминува. Би било штета ако остане само потенцијално одличен играч. Се надевам дека ќе сфати дека има што е потребно за да се натпреварува со најдобрите.

-Можеби нема волја или страст како некој како Модриќ, но Леао треба да се запраша каде сака да оди, дали е задоволен од она што го постигнал или дали неговата цел е да стане она што навистина може да биде. За нас, би било штета ако не го покаже целиот свој потенцијал и не се фокусира 100 проценти на својата работа. Алегри знае како да го извлече најдоброто од своите играчи. Се надевам дека ќе има позитивно влијание и врз него. Можеби за Леао, ова е вистинската можност, порача Рабио.