Најбогатиот Британец, ко-сопственик на Манчестер Јунајтед, воедно задолежн за спортскиот сектор, Џим Ретклиф нема намера да му врачи отказ на Рубен Аморим, без оглед на лошите резултати на клубот.
Сер Џим Ретклиф, во подкастот „Бизнис“, рече дека тренерот ја има неговата целосна поддршка. Повтори дека на Аморим ќе му се даде време да ги имплементира своите идеи во тимот и дека доколку мнозинскиот сосптвеник, семејството Глејзер побара да му врачи отказ на Амрим, дека неговиот одговор ќе биде „Не“.
Потоа објасни зошто…
„Вистина е дека Аморим не ја има најдобрата сезона во клубот. Но, на Рубен му требаат три години за да покаже дека е одличен тренер. Тогаш јас би ги донел одлуките…“, рече Ретклиф, кој издвои 1,6 милијарди фунти за партнерство со Глејзерс во февруари 2024 година за 26,1 процентен удел во Манчестер Јунајтед.
Дел од договорот е неговата компанија ИНЕОС да ги преземе спортските работи на „Олд Трафорд“, па затоа следеше смената на Ерик Тен Хаг, односно промоцијата на Аморим.
Сепак, во првите 50 натпревари на „Олд Трафорд“, Португалецот сè уште има негативен скор, поради што е сè почесто под притисок од јавноста.
„Не можете да водите клуб и да паѓате на колена под притисокот на медиумите секоја недела одново и одново“, изјави неодамна најбогатиот Британец.