Деко ги шокираше навивачите на Барселона: Грешка е да се зборува за тоа…

Дерби

08/10/2025

21:24

277

Големина на фонт

а а а

Барселона се уште не може соодветно да закрепне на финансиски план и тоа сигурно ќе биде така додека не се врати на новиот „Камп Ноу“ и тоа со капацитет кој ќе може да донесе сериозни приходи.

Меѓутоа клубот мора да функционира и да се обидува да освојува титули и покрај лимитираните ресурси, па и затоа мора да се цени успехот од минатата сезона кога беше освоена тројната круна во Шпанија, додека за „влакно“ избега пласманот во финалето на Лигата на шампионите.

Оваа сезона е нов тест, нов сериозен предизвик за Ханси Флик за кој допрва ќе видиме како ќе биде одработен, но во исто време управата и спортскиот директор Деко мора да се позанимаваат со некои отворени прашања како што се договорите на неколку играчи на кои им истекуваат, а еден од нив е Роберт Левандовски.

Полјакот е се поблиску до 40. година од животот и заработува многу во Барселона и ако нешто драстично не се промени тешко дека ќе продолжи и по 2026 година, меѓутоа оперативецот Деко изненади, шокираше со изјавата дека тие можеби и нема да бараат соодветна замена, нова деветка иако во јавноста почнаа да се споменуваат некои имиња како Гираси, Халанд, Ејонг…

-Не треба да бидеме опседнати со ангажман на „деветка“. Можеби можете да се справите без него. Не е време да зборуваме за потписи. Феран може да игра како деветка. ПСЖ ја освои Лигата на шампионите без играч (деветка) во шеснаесетникот. Зборувањето за „деветка“ е малку грешка, иако има добри играчи, -порача Португалецот.