Повеќе од деценија по трагичната несреќа на скијање на француските Алпи, здравствената состојба на Михаел Шумахер и натаму е обвиена во тајна.
Сепак, најновите информации кои доаѓаат од Германија будат длабока загриженост меѓу неговите обожаватели – состојбата на славниот седумкратен шампион на Формула 1, се влошува. Неговата сопруга ги продала куќите и авионот за да му го плаќа лекувањето.
Семејството Шумахер со години успешно ја чува неговата популарност, но сега се појавила тажната вест која укажува дека легендарниот возач е во исклучително тешка состојба.
Како што пренесува „Дејли мејл“, повикувајќи се на извори блиски до семејството, Михаел повеќе не може да говори и целосно е „врзан“ за кревет.
„Повеќе не може да ги изразува мислите со јазикот“
Германскиот новинар Феликс Горнер, којшто со години го следи семејството Шумахер, открил потресни детали.
„Тој повеќе не може да ги изразува мислите со јазикот. Тоа е многу тажна состојба. Беше херој, неуништлив, а сега сите стискаме палци за него. Но, тој едноставно не е добро и веројатно повеќе никогаш нема да го видиме јавно“, изговорил Горнер.
Овие зборови длабоко погодиле милиони фанови ширум светот затоа што претставуваат најтажна потврда дека неговата здравствена состојба се влошила.
Постојана нега и целосна зависност од другите
Германските медиуми наведуваат дека за Шумахер се грижи медицински тим од 15 луѓе кои се тука за него 24 часа на ден. Неговата состојба е опишана како „делумно беспомошна“, а потребен му е постојан надзор и медицинска поддршка.
Секако, секој месец трошоците за грижите за Михаел достигнуваат вртоглави износи, а семејството прави сѐ за да му обезбеди достоинство и мир во домот во Швајцарија.
Корина: „Тој е поразличен, но тука е“
Сопругата Корина Шумахер која од првиот ден е посветена на неговото закрепнување, ретко се обраќа во јавноста.
Во документарецот за неговиот живот од 2021 година, открила колку е тешко да се живее оваа реалност:
„Тој и натаму секој ден ми покажува колку е јак. Се трудиме да продолжиме како семејство. Одиме на терапија, правиме сѐ што можеме за тој да биде подобро и да ја почувствува нашата љубов. Што и да се случи, никогаш нема да се откажеме од него.
Сите го чувствуваме недостигот на Михаел, но тој и натаму е присутен меѓу нас, на поразличен начин. Секој ден ни ја покажува неговата неизмерна сила. Живееме заедно, поминуваме низ терапии, сѐ што правиме е насочено кон подобрување на состојбата на Михаел“...
Последните зборови и вечната страст
Пред несреќата, Михаел во Мерибел рекол:
„Снегот некако ми е несигурен. Не ми предизвикува доволно адреналин. Би можеле да одиме во Дубаи и таму да скокаме со падобрани“.
Таа вечна желба за возбудување и авантура никогаш не престанала кај него. Неговата храброст и вештина на патеките говореле дека е неуништлив човек.