[ФОТО] Ужасна вест од Буенос Аирес: Бока Јуниорс ја потврди смртта на својот тренер

Дерби

09/10/2025

08:19

365

Големина на фонт

а а а

Мигуел Анхел Русо повеќе од 35 години беше фудбалски тренер, а овој статус го уживаше и до последниот ден од својот живот, кој за жал пристигна порано од очекувањата.

Бока Јуниорс во раните утрински часови испрати официјално соопштение за смртта на својот тренер, кој после кратко боледување, почина на 69-годишна возраст.

Русо поради здравствени проблеми во последните неколку недели имаше натпревари на кои ја водеше Бока, но на други беше заменуван од својот помошник, за сега да пристигне најлошата можна информација поврзана за искусниот стручњак кој пред неколку месеци ја презема Бока по трет пат во својата кариера.

Вреди да се напомене дека Русо водеше битка со рак на простата од 2017-та година, а првичните информации кои пристигнуваат од Аргентина велат дека неговото здравје се нарушило поради враќање на подмолната болест.

– Бока Јуниорс со длабока тага ја објавува веста за смртта на Мигел Анхел Русо. Мигел остава неизбришлив белег во нашата институција и секогаш ќе биде пример за радост, топлина и посветеност. Ние сме со неговото семејство и најблиските во ова време на тага. Збогум, драг Мигел!