Михаел Шумахер, седумкратниот шампион на „Формула 1“, се наоѓа во исклучително тешка состојба по несреќата што ја доживеа пред речиси 12 години за време на скијање.
Оттогаш тој е целосно оддалечен од очите на јавноста, а сè повеќе изгледа дека никогаш повеќе нема да биде јавно виден. Сите информации за неговата состојба доаѓаат индиректно, преку блиски пријатели или познаници на семејството.
Германскиот новинар Феликс Гернер, кој е близок со семејството Шумахер, изјави дека Михаел повеќе не зборува.
„Тој повеќе не може да ги изразува своите мисли преку зборови. Тоа е навистина тажна состојба. Тој беше херој, неуништлив, а сега сите се држиме само до надежта. Но, реалноста е дека не му е добро и најверојатно никогаш повеќе нема да го видиме“, изјави Гернер.
За неговата состојба зборуваше и Елизабета Грегорачи, поранешната сопруга на Флавио Бријаторе — човекот кој му беше шеф на Михаел во тимот „Benetton“.
„Михаел не зборува, тој комуницира со очите. Само три лица смеат да го посетуваат и знам кои се тие. Го преселија во Шпанија, а неговата сопруга направи болница во нивниот дом“, откри Грегорачи.
Се наведува дека Шумахер бил присутен на свадбата на својата ќерка Џина Марија во септември 2024 година, но сите гости морале да ги предадат своите мобилни телефони, па затоа нема ниту една фотографија од настанот што „протекла“ во јавноста.
Повеќето извори тврдат дека Михаел најголемиот дел од времето го поминува во својата вила на брегот на Женевското Езеро.
Семејството на Шумахер низ годините беше мета на уцени и медиумски шпекулации, а неколку лекари, меѓу кои и неговиот неврохирург, јавно говореа за неговата тешка состојба. Кон крајот на минатата година беше објавено дека Михаел ќе стане дедо, а една медицинска сестра беше вмешана во заговор за откривање на доверливи информации за неговото здравје.
Никогаш видена фотографија од телефонот на Корина Шумахер
Сега се појави досега невидена фотографија на Михаел Шумахер, преземена од телефонот на неговата сопруга Корина. Семејството строго ја чувало оваа фотографија во тајност.
Сопругата на легендарниот возач на „Формула 1“, Корина Шумахер, имала отклучен телефон за време на едно натпреварување во јавање, што го забележал германскиот весник „Bild“.
Настанот бил организиран во Швајцарија, а на екранот на телефонот се појавила црно-бела фотографија на Михаел Шумахер, непозната на јавноста. Според тврдењата на „Bild“, фотографијата е направена во периодот меѓу 2012 и 2013 година.
Михаел и Корина Шумахер имаат вистинска љубовна приказна што трае од 1991 година. Се венчаа во 1995 и имаат две деца.
Легендарниот возач ја доживеа фаталната несреќа во 2013 година, по што падна во кома. Од тогаш, само еднаш се појавил во јавноста – на свадбата на својата ќерка Џина, кон крајот на септември минатата година.
Ова е фотографијата што, според медиумите, потекнува од телефонот на Корина – слика што повторно ја разбуди надежта кај обожавателите, но и тагата што никој не го гледал својот херој веќе повеќе од една деценија.
Procurila dosad neviđena fotografija Mihaela Šumahera! Trenutak nepažnje supruge Korine (foto BILD) pic.twitter.com/U0y5AUMKup
— Balkan Sports (@BalkanSports) July 15, 2025