Муслиу: Важен натпревар, но сме покажале дека можеме да се носиме со големи репрезентации

Дерби

08/10/2025

19:02

247

Големина на фонт

а а а

Белгија е првиот ривал на Македонија во овој октомвриски „прозорец“ од квалификациите за Светското првенство кое е на програмата во 2026 година.

Избраниците на Боби Милевски им гостуваат на „црвените ѓаволи“ на 10 октомври во Гент, меч кој од огромно значање како за нив така и за нас затоа што се води жестока битка за првите две позиции во групата Ј.

Висар Муслиу е еден од нашите играчи кои настапува во Белгија и многу добро го знае квалитетот на нивното првенство каде има импресивни партии во дресот на Сент Труден. Дефанзивецот смета дека мора во натпреварот да влезат со ладни глави и да го дадат најдоброто од себе.

-Натпреварот е многу важен за нас, од тоа нема бегање, но ниту е крај на светот. Треба да се подготвиме како и за сите други предизвици, како на минатите натпревари, со ладна глава да влеземе во мечот и да се обидеме да го извлечеме најдоброто од сите нас.

-Нормално е дека Белгија ќе не анализира од нашиот последен меѓусебен дуел, но ние многупати сме покажале дека можеме да одиграме квалитетно со големите репрезентации. Ќе се потрудиме да се подготвиме и да покажеме на терен дека сме конкурентни, -порача Висар за официјалниот сајт на ФФМ.