Незапаметени сцени се забележани за време на натпреварот на петтата тенисерка на светот.
Мира Андреева беше елиминирана во второто коло на турнирот во Вухан, губејќи од Лаура Зигмунд во три сета – 7:6 (7:4), 3:6, 3:6. Поголемиот дел од мечот, Андреева плачела, а посериозните проблеми започнале кон крајот на првиот сет.
Навивачите, судијата и германската тенисерка биле видно изненадени додека ја гледале младата Русинка како плаче и игра.
Не е точно познато што го предизвикало емотивниот слом, но во еден момент, 18-годишната Андреева извикала: „Е*ено сум уморна од овој е*ен тенис“.
Исто така, по еден изгубен гем, таа побарала да не ја снимаат, што исто така беше забележано на камера.
Искусната Германка го искористи емотивниот пад на својата противничка, направи пресврт и се пласираше во следното коло од турнирот.