Потврда за квалитетот и момент за историја: Македонија ќе има два судиска пара на ЕП во 2026 година

Дерби

08/10/2025

19:00

206

Големина на фонт

а а а

Македонската ракометна репрезентација ќе биде дел од уште еден голем настан на почетокот на наредната година, Европското првенство кое ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.

Меѓутоа македонскиот ракомет и нашата земја ќе има и други претставници на овој шампионат и тоа се судиите. Добро е познато дека Славе Николов и Ѓорѓи Начевски се меѓу најдобрите судии на светот и едноставно беше јасно дека бидат дел од ЕП, но тие сега добиваат друштво, сонародници во имињата на Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.

Митревски и Тодоровски се номинирани и ќе имаат шанса да делат правда на континенталниот собир.

ЕХФ номинираше вкупно 18 судиски двојки од цела Европа, а само Шпанија и Македонија имаат по два пара.