[ВИДЕО] Се појави снимка од тепачка во ложата по натпревар од Ла Лига, во инцидентот вмешан и поранешниот претседател на Еспањол

Точка

08/10/2025

11:30

824

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите на Бетис пред три дена го совладаа Еспањол со 2:1 на гостински терен и со трите нови освоени поени се искачија на четвртото место на табелата.

На социјалните мрежи се шири снимка од тепачка во ложата на стадионот, на која може да се забележи дека во инцидентот бил вмешан и поранешниот претседател на Еспањол, Жоан Колет.

Според наводите од Шпанија, до конфликтот во ложата на стадионот во Барселона дошло откако гостинските навивачи започнале со провокации веднаш по последниот свиреж на судијата. Како што се наведува, неколку навивачи на Бетис во деловната ложа почнале да се однесуваат провокативно, што довело до физичка пресметка со навивачи на Еспањол.

Колет, кој беше претседател на клубот од 2012 до 2016 година, првично се обидел да ја смири ситуацијата, пред и самиот да биде вовлечен во тепачката и наводно притоа се здобил со повреди.

Напната завршница и провокации

Судирот надвор од теренот бил одраз на високата тензија и на самиот терен, која кулминираше со драматична завршница. Еспањол доби шанса за израмнување длабоко во судиското продолжение, кога по преглед на VAR им беше досуден пенал во 97-та минута.

Капитенот Хави Пуадо не успеа да реализира, бидејќи неговиот удар го одбрани голманот на Бетис и поранешен играч на Еспањол, Пау Лопез. Тензијата дополнително се зголеми поради провокативните гестови на Лопез кон домашната публика.