[ФОТО] Има ли поголема титула од оваа? Капитенот на македонската репрезентација Барди стана татко – бебенцето се роди во Турција

Точка

08/10/2025

11:07

609

Големина на фонт

а а а

Има ли поубава и порадосна вест за луѓето кога ќе слушнат дека некој се остварил во улогата на родител?

Овојпат 30-годишниот капитен на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди и неговата избраничка Фестина, станаа родители.


Парот доби ќеркичка, а македонскиот капитен сподели фотографии со неа.

Бебенцето се родило во Турција, а убавата и среќна вест ја споделија од неговиот клуб Коњаспор кои меѓу првите му честитаа за оваа радост.

Името на девојчето и новата радост во домот на Барди е Аја.

„Нашиот фудбалер Енис Барди и неговата сопруга Фестина добија ќеркичка, која ја крстија Аја. Му честитаме на семејството Барди и ѝ посакуваме на малата Аја среќен и здрав живот“, пишува во објавата на клубот.


Фудбалерот на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографија на која ја држи својата ќеркичка во рацете, а забележливо е дека на неговата среќа ѝ нема крај.

Тимот на Точка им честита на Барди и неговата сопруга за нивната најголема титула во животот – родители.