Луѓето дури сега открија што навистина значи името „Nokia“ – и не можат да се начудат

Точка

07/10/2025

10:36

1.104

Големина на фонт

а а а

Легендарниот „Nokia 3310“ стана еден од најпопуларните мобилни телефони на светот по неговото лансирање во 2000 година, а беше продаден во околу 126 милиони примероци пред да биде повлечен од пазарот во 2005 година. Иако брендот постои веќе 160 години, многумина и денес не знаат што всушност значи неговото име.

Приказната за реката и куната

Компанијата била основана во 1865 година од финскиот рудар Фредрик Идестам како фабрика за производство на хартија, а во текот на 19 век своето работење го проширила на различни производи. Кон крајот на 20 век, „Nokia“ се пренасочила кон светот на компјутерите и мобилните телефони. Сепак, приказната за името се враќа кон самите почетоци. По успехот на првата фабрика, Идестам ја отворил втората во близина на реката Нокианвирта.

Токму по таа река компанијата одлучила да го земе своето име, а во почетоците дури имала и логотип со мотив на риба за да ја нагласи поврзаноста со водата. Но ни самата река не го добила своето име случајно. На официјалната веб-страница на компанијата стои објаснување:


„Зборот ’nokia‘ означува темна, крзнена животинка која денес е позната како златна куна.“

Од таму додаваат дека компанијата почнала да го користи името „Nokia“ по преместувањето на производството во истоимениот град.

„Овој мал град во регионот Пирканмаа бил основан во истата година како и компанијата ’Nokia‘. Денес таму живеат околу триесет илјади луѓе“, се наведува.


Изненадени реакции на интернет

Ова откритие предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде што многумина изразија изненадување.

„Финските компании обично ги добиваа имињата по местото каде што биле основани“, коментирал еден корисник на „Reddit“.

„Дали некаде во тој град има споменик на моделот 3310?“ се запрашал друг.

Еден корисник споделил свое разочарување по посетата на градот:

„Кога отидов во Нокиа, во пошта имаа само разгледници со мачки. Никаде спомен за телефонот, ниту споменик на влезот во градот. Бев вистински разочаран.“

Други се надоврзале со сопствени искуства:

„Па, името едноставно потекнува од градот. Еднаш имав жива онлајн расправа со некои Американци околу изговорот на ’Nokia‘. Не ми веруваа и упорно тврдеа дека тие се во право.“


„Nokia“ денес

Денес „Nokia“ е светски лидер во технолошката индустрија и вработува околу 104.000 експерти ширум светот.

„Водени од истражувањата и иновациите на ’Nokia Bell Labs‘, им служиме на телекомуникациските оператори, владите, големите компании и потрошувачите со најсеопфатното портфолио на производи, услуги и лиценци во индустријата“, стои на нивната веб-страница.

„Од инфраструктурата што овозможува функционирање на 5G мрежата и Интернетот на нештата, до развојот на апликации за виртуелна реалност и дигитално здравје – ја обликуваме иднината на технологијата за да го трансформираме човечкото искуство“, заклучуваат од компанијата.