Александар Ванг, коосновач на „Scale AI“ и еден од најмладите милијардери од Сицилиумската долина, предупредил дека вештачката интелигенција за пет години ќе може да го напише сиот код којшто тој некогаш го направил.
Оваа изјава предизвикала неверување во технолошкиот свет затоа што доаѓа од човекот којшто своето богатство го изградил на развојот на AI технологијата.
Говорејќи во поткастот „TBPN“ со Џон Куган и Џорди Хејс, Ванг изјавил:
„Буквално сиот код којшто некогаш сум го напишал во животот ќе може да се напише со AI модел“.
Тој смета дека вештачката интелигенција целосно ќе ја трансформира индустријата на софтвери и ги предупредил младите дека е вистинско време да ги совладуваат новите алатки доколку сакаат да опстанат во идниот свет на технологијата.
„Vibe coading“ отвора нова ера
Ванг го опишал својот нов пристап на пишување софтвери како „vibe coading“, каде корисникот само дава упатства, а AI креира програма.
Како примери ги навел „Replit“ и „Cursor“, алатки кои на почетниците веќе им овозможуваат да пишуваат код без длабоко техничко знаење.
„Ќе мора да научат како максимално да ги користат овие алатки“, истакнал Ванг, додавајќи дека моменталната промена е еднакво револуционерка како појава на персоналните компјутери.
Тој тврди дека посветувањето на „10.000 часа играње со алатките“ може на тинејџерите да им донесе огромна предност во кариерата.
Од милијардер до предупредувач на AI бранот
Ванг ја изградил „Scale AI“, компанија за инфраструктура и податоци за вештачката интелигенција која се проценува на 29 милијарди долари.
Неговото лично богатство „Forbes“ го проценува на 3,2 милијарди долари, но сега порачува дека богатството не значи многу во светот каде AI може да ја замени целата работа на човекот во оваа област.
Во јуни „Meta“ инвестирала во „Scale AI“, а Ванг ја презел функцијата на главен „AI“ директор во „Meta“, додека останал и во управниот одбор на својата компанија.