Земјата го губи балансот, северот од нашата планета станува сѐ потемен – научниците загрижени: „Би можело да има големи последици“

Точка

02/10/2025

11:09

3.045

Големина на фонт

а а а

Американската вселенска агенција НАСА открила дека северната и јужна хемисфера на Земјата повеќе не ја одбиваат сончевата светлина во иста мера, што создава асиметрија во распоредот на сончевата енергија.

Врз основа на податоците собрани во текот на последните 24 години, сателитите на НАСА откриле дека Земјата станува потемна.

Од повеќе причини, а сите предизвикани од човековата активност, планетата рефлектира помалку сончева светлина отколку што тоа го правела во минатото. Исто така воочиле дека северната хемисфера е повеќе затемната отколку јужната, односно онаа јужно од екваторот.

Доколку резултатите од ова истражување, направено во понеделникот во магазинот „PNAS“ ги потврди симетриите кои постоеле меѓу две хемисфери би била нарушена.

Ова би можело да има долгорочни последици по климатскиот систем на Земјата којшто зависи од разликите во топлината или енергијата која ја придвижува циркулацијата во атмосферата и океаните.

Зошто северната хемисфера станала потемна?

Горните слоеви на атмосферата на секоја хемисфера во просек примаат иста количина сончеви зраци во текот на годините. Користејќи ги податоците од првата генерација сателити, во 1971 година било докажано дека една третина од оваа светлина се рефлектира од облаците, аеросолот и самата површина на Земјата.

Ова е познато како „албедо ефект“, а сјајот на свежиот снег јасно го илустрира.

Половината ја апсорбира истата таа површина, особено во океаните, додека пак останатиот дел се задржува во атмосферата.

Во тој период исто така се утврдило дека и двете хемисфери имаат ист „албедо“.

Тоа ги збунило научниците: на север има повеќе копнена маса отколку на југ каде доминира водата, па северната хемисфера би требала да „зароби“ повеќе воздух.

Значи, другите фактори како што се облаците, поголемото загадување на воздухот и можните разлики во количината на водената пареа меѓу северната и јужна хемисфера, ги изедначиле северот и југот.

Меѓутоа, таа рамнотежа сега се нарушува и северната хемисфера во последниве години е потемна.

„Тоа е резултат на промена во концентрацијата на аеросолта (смеса од ситни цврсти честички или течни капки кои се наоѓаат во воздухот), снежната и ледена покривка, како и количината водена пареа“, изјавил Норман Г. Леб од Ленгл истражувачкиот центар на НАСА и коавтор на студијата.

„Падот на аеросолта на северната хемисфера е значаен поради намаленото загадување во Кина, САД и Европа“, потсетува Леб.

Симптоми на климатските промени

Ќе биде потребно да поминат години, а можеби и децении да се види дали системот е во состојба повторно да се приспособи или да воспостави рамнотежа во „албед“, но Леб смета дека тоа „ќе влијае на вкупната циркулација на атмосферата и регионалната клима“.

Веќе се забележува:

- Промена во врнежите.

- Забавување на главните океански струи.

- Поместување кон север т.н. интертропска зона на конвенција, појас околу екваторот каде се сретнуваат пасатите (постојани ветрови кои дуваат од висока географска ширина кон екваторот).