[ФОТО] Во ноќен клуб го запознала својот принц: Шест месеци биле во врска додека конечно не открила дека нејзиното момче е вистински член на кралско семејство

Точка

01/10/2025

11:32

1.494

Големина на фонт

а а а

За повеќето жени, принц на бел коњ и свадба како од бајките остануваат само сон. Но, Аријана Остин (41) од Вашингтон доживеала вистинско филмско искуство кога го запознала својот принц во ноќен клуб, и тоа буквално.

Во 2005 година, таа имала само 20 години и била студентка која живеела безгрижен живот, излегувајќи и уживајќи со своите пријатели. На тој септемвриски ден, во ноќен клуб во Вашингтон, ѝ се обратил принцот Џоел Дејвид Маконен Хајле Селасие (сега 43), правнук на последниот етиопски цар, Хаиле Селасие I.

Првата средба била сè друго освен класична бајка.

Тој пријде до мене и мојата пријателка и рече: „Изгледате како реклама за Bombay Sapphire (марка џин)!“ се присетила Аријана.


Таа признала дека коментарот бил „случаен“ и „смешен“, но сепак ја привлекол.

Потоа Џоел бил уште подиректен: „За пет минути ми рече, знаеш ќе ми бидеш девојка. Се насмеав, но потоа се согласив“.

Она што таа не го знаела во тој момент беше дека нејзиниот нов познајник потекнува од кралската етиопска династија, а ѝ требале шест месеци за да ја открие вистината благодарение на пријател која на шега ја открил тајната на Џоел.

„Пријателот ми рече дека имам среќа затоа што имам дечко кој е принц. Не поверував веднаш, но наскоро ми стана јасно дека е вистина“, се присетила Аријана.


Свадба во традиционален дух

Љубовта траела полни 12 години, а во 2017 година двојката ја крунисала својата приказна со раскошна венчавка што траела пет дена. Аријана претходно се приклучила на Етиопската православна црква и посетувала часови кај свештеник.


Церемонијата била традиционална, а прославата се одржала во луксузниот Фоксајс Манор во Вирџинија. „Пресреќна сум и возбудена што сум дел од етиопската монархија, но ја чувствувам и тежината на титулата“, призна тогаш Аријана за „ABC“.


„Тоа е најстарата монархија во светот и има нешто навистина моќно во тоа. Се надевам дека ќе можам да ја искористам таа енергија за да правам добри работи и тука и во Етиопија“, додала таа.


Инаку Џоел е роден во 1982 година во Рим, додека неговите родители, принцот Давид и принцезата Адеј Имру, живееле во егзил. Детството во Швајцарија во интернат, водејќи, како што рекол, „дискретен и повлечен живот“.

Животот по бајката

Денес, принцот и принцезата го поминуваат секојдневниот живот на релација Вашингтон – Лос Анџелес, а заедно ја водат продуцентската компанија „Old World/New World“ посветена на приказни што ја слават црната култура и историја. Тие веќе работеле на биографски филм за Хajли Селасие I, како и на проект што го опишале како „Круната, но за етиопската монархија“.


„Голем дел од она што сакаме да го покажеме е дека Африка има долга историја и традиција. Во Етиопија тоа е дел од секојдневниот живот, но во светот честопати луѓето велат дека не знаеле дека монархијата постоела толку неодамна“, изјавил принцот Џоел.


Аријана, од друга страна, пораснала во семејство на професори, политичари и филантропи во Вашингтон, додека нејзините корени исто така потекнуваат од Гвајана, од каде што е нејзината мајка.


„Во моето карипско потекло, Хајле Селасие беше познато име поради неговата поврзаност со растафаријанската традиција“, објасни таа.