Вчера на улиците на Скопје се одржа 21-то издание на Скопскиот маратон, кој донесе вистински спектакл со рекорден број од над 14.000 учесници.
Победата овојпат ја однесе најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски, кој триумфираше со фантастично време од 2:14,50 часа.
На Скопскиот маратон имаше многу интересни моменти, а најголемо внимание убедливо привлече човекот кој трчаше на маратонот во македонска народна носија.
🏅 Го имаме неформалниот победник на маратонот! 🇲🇰
Не трчаше за медал, туку за Македонија.
Во народна носија, со гордост...
Posted by Anastasovski Goran on Sunday, October 5, 2025
Станува збор за скопјанецот Благоја Ацковски (72) познат како Бале Брзи кој истрча 42 километри, а фотографии од него сподели фотографот Горан Атанасовски кој напиша:
„Го имаме неформалниот победник на маратонот! Не трчаше за медал, туку за Македонија. Во народна носија, со гордост и срце, тој го претвори маратонот во празник на традицијата. За мене – вистинскиот победник!… “.