Во популарното индонезиско одморалиште Бандунг, леопард предизвика паника кога влезе во хотелот „Анугера“ и се смести пред собата на вториот кат.
Инцидентот се случил во понеделник, на 6 октомври, а вработените во хотелот брзо реагирале, ја повикале противпожарната служба и ја информирале Агенцијата за заштита на животните, пренесува „Франс 24“.
Според информациите што ги објавија локалните медиуми, леопардот одеднаш се појавил пред собата, каде што лежел тивко, но гласно ржел ако некој од гостите се приближел. Противпожарната бригада, во соработка со членови на Агенцијата за заштита на животните, успеала да го успие животното и да го отстрани од хотелот.
„Користевме средство за смирување и околу 10 часот наутро (03:00 часот по Гринич) леопардот беше изнесен од хотелот“, изјави за АФП Агус Аријанто, раководител на агенцијата за заштита на Западна Јава.
Хотелот беше затворен за време на траењето на акцијата, додека специјализирани сили ги претресуваа просториите на зградата. Никој од гостите не беше повреден.
Во август, блиската зоолошка градина пријави исчезнување на леопард, поради што властите моментално истражуваат дали станува збор за истото животно.