Македонската манекенка Елена Ѓорговска се најде во центарот на вниманието по изјавата за тоа што ја привлекува кај мажите.
Нејзината искрена изјава за мажите кои возат евтини автомобили предизвика лавина коментари, пишува српскиот портал „Hype“.
„Ако вози Пунто, мажот е нула“
Учествувајќи во играта „10 е, но…“, Елена без двоумење го споделила своето мислење за мажите со поскромна финансиска состојба, особено за оние кои не поседуваат луксузни возила. На прашањето како би оценила маж кој е „десетка“, но вози Фиат Пунто, нејзиниот одговор бил директен:
„Нула. Кај мажот ме привлекуваат добри автомобили“, истакнала манекенката.
„Паметна жена од сиромав може да направи милионер“
На прашањето како би го оценила мажот кој нема пари, Елена Ѓорговска дала малку поинаков одговор:
„Еве, ќе речам 7, затоа што мислам дека паметна жена може да направи милионер и од сиромав“, објаснила таа.
Нејзините изјави предизвикале дискусии на социјалните мрежи, а мислењата се поделени. Додека некои ја критикуваа, други застанаа во нејзина одбрана. Еден од коментарите на Инстаграм гласеше:
„Паметна е и има сè тоа, и затоа очекува исто и од него – да се труди и да има.“
А вие, како би го оцениле мажот кој вози Пунто, а во сè останато е десетка, од 1 до 5?