Балканец којшто живее во Шведска ја отворил душата за работењето таму: Животот не е бајка, никому ништо не верувајте...

Точка

09/10/2025

09:40

1.420

Големина на фонт

а а а

Шведска често е синоним за висок животен стандард, уредено општество и развиен систем на социјална заштита.

Како една од најнапредните скандинавски земји, позната е по квалитетот на животот, но и по перцепцијата дека е исклучително скапа за посетителите и странците.

Веќе со години привлекува илјадници луѓе од цела Европа, вклучувајќи го и Балканот. Сепак, животот во Шведска, иако однадвор делува идеален, носи бројни предизвици – од пронаоѓање стан и работа до снаоѓање во целосно друг систем и менталитет.

За искуството за животот во Шведска говорел и еден Србин којшто веќе подолго време живее во таа земја.

Тој споделил низа практични и искрени совети за сите кои планираат да се преселат во Шведска.


„Немојте да работите кај Балканците“

„Имам неколку совети за сите вас кои сакате да се преселите во Шведска. Најдете што побрзо стан под кирија додека не си купите ваш. Најдете работа во некоја шведска фирма затоа што работата кај Балканците ќе ви се одбие од глава, кај речиси 95 отсто од нив.

Кога ќе почнете да работите, плаќајте го синдикатот затоа што тука синдикатот може да ви помогне доколку дојде до проблеми со фирмата. Задолжително плаќајте А-каса затоа што во случај да ја изгубите работата, една година ќе добивате помош, мислам дека околу 80 отсто од платата во старт, а подоцна износот е помал“.

На своите следбеници особено им ја нагласил важноста за преговарање за платата, што во Шведска е целосно нормална пракса:

„Тука е нормално да прашате за плата и да преговарате за неа, така што никој нема да ви замери доколку прашате сѐ што ве интересира. Никому ништо не верувајте, сѐ што ве интересира веќе постои на интернет, па прочитајте сами. Некои Балканци ќе ви кажат дека газдите не сакаат доколку сте во синдикатот, доколку плаќате за него. Никој не знае дека може да бидете во синдикатот доколку сакате, затоа за тоа молчете – тоа е ваша работа“.


„Златно правило“

Тој го истакнал своето лично искуство со синдикатот:

„Јас сум во синдикатот за транспорт. Од нив добивам помош доколку сопственикот на фирмата почне да го крши колективниот договор или било што поврзано со работата. Сите сме платени по час и ќе бидеме еднакво платени, и оние кои повеќе се трудат и оние кои работата нормално затоа што според колективниот договор сите сме исто платени.

Здравјето и работата се најважни, поврзани се – мислите само на себе затоа што никој друг освен членовите на вашето семејство нема да го направи тоа за вас“.

Шефовите главно „наши луѓе“

„Швеѓаните често поставуваат Балканци за шефови затоа што тие работат и кога не треба, со други зборови, вредни сме и ја завршуваме работата. Има и Балканци кои сами си отвориле фирма тука“.

Неговите совети привлекле големо внимание, па луѓето коментирале:

„Златно правило – секаде во странство најважно е да не работите за луѓе од Балканот“, „Ако најдете стан под кирија, исклучиво треба да биде со договор и пријава на адреса. Бев во два стана „на црно“, верувајте ми – пекол“, „Секоја чест за напишаното“...