[ФОТО] Американка роди момче тешко речиси шест килограми – фотографиите го „срушија“ ТикТок

Точка

11/10/2025

20:25

1.102

Големина на фонт

а а а

Американката Шелби Мартин родила бебе тешко речиси шест килограми во болница во Нешвил, а нејзината објава привлече внимание од огромен број корисници на социјалните мрежи.

Со царски рез го родила синот Касијан, кој тежел 5,8 килограми. Ова е најтешкото бебе родено во болницата „TriStar Centennial Women’s Hospital“ во повеќе од 3 години.

„Кога луѓето зборуваат за тоа како е да имаш големо бебе, мислејќи дека јас ништо не знам за тоа. Верувајте ми – знам“, напишала таа.


Оваа објава на ТикТок досега собра повеќе од четири милиони лајкови и речиси 60.000 коментари.

„Колку години бил во стомакот?“, „Дали мораше да туркаш или тој сам излезе?“, „Дали бебето мораше да излезе преку покривот?“, се само некои од духовитите коментари на корисниците на оваа социјална мрежа.

Касијан накратко бил сместен на одделот за интензивна нега, а Шелби се заблагодарила на медицинскиот тим.


„Особено им се заблагодарувам на жените кои се грижеа за мене и ми помогнаа да се снајдам по царскиот рез како мајка што првпат се породува на тој начин. Голема благодарност и до тимот од интензивната нега кој се грижеше за нашето големо бебе кога јас не бев во можност. Никогаш нема да ве заборавам“, изјавила таа.

Шелби го родила Касијан на денот на својот роденден и изјавила дека тој е најдобриот подарок што некогаш го добила.