[ВИДЕО] Јапонец не разговарал со сопругата 20 години, иако живееле под ист покрив: Молчел од бизарна причина

Точка

10/10/2025

20:12

1.081

Големина на фонт

а а а

Во јапонскиот град Нара, се појави приказна што го шокираше и трогна целиот свет. Отоу Катајама молчел 20 години – не затоа што не можел да зборува, туку затоа што не сакал да разговара со својата сопруга Јуми, иако живееле во ист дом и одгледале три деца, пишува „Брајт сајд“.

Неговото молчење започнало од навидум тривијална причина: љубомора. Отоу призна дека бил повреден што неговата сопруга го посветила целото свое внимание на децата, чувствувајќи се запоставен и невидлив. Наместо да зборува за тоа, тој се повлекол во себе и не ѝ рекол ниту збор на Јума со години.

Otou Katayama, a Japanese man from Nara Prefecture, stopped speaking to his wife, Yumi, after an argument in 1997. Upset...

Posted by Weird World on Friday 22 August 2025

Нивниот син, Јошики, никогаш не ги слушнал своите родители како зборуваат. Тој пораснал во куќа каде што тишината и непријатноста биле секојдневие. Кога пораснал, решил да преземе акција, па контактирал популарна јапонска ТВ-емисија позната по семејните собири.

Во трогателна сцена снимена во блискиот парк, камерата снимила момент што никој не можел да го предвиди. По две децении целосна тишина, Отоу ѝ се обратил на својата сопруга со зборови што ги трогнале до солзи и нивните деца и гледачите низ цела Јапонија.

„Јуми… напорно работеше за семејството сите овие години. Ти благодарам. Жал ми е што бев толку ладен и глупав“, рекол тој со треперлив глас.

Јуми заплакала, а нивните деца истрчаа да ги прегрнат своите родители кои по 20 години се пронајдоа повторно, не преку тишина, туку преку зборови.

Денес, нивната приказна служи како потсетник за тоа колку комуникацијата и искреноста значат во бракот, но и колку гордоста може да ја уништи блискоста ако дозволиме тоа.