Колкумина од нас всушност знаат што навистина носат во паричникот? Зад наизглед обичните монети, понекогаш се крие вистинско мало богатство.
Особено е интересно тоа што одредени видови монети достигнуваат вртоглави износи на онлајн аукциите, на пример „eBay“.
Една од најбараните монети е онаа од две евра со мотивот на црквата Свети Михаил во Хамбург, за која моментално се нудат дури 2.000 евра.
Оваа монета ја издала германската Бундесбанка во 2008 година во тираж од 30 милиони парчиња. Од нив околу 6,3 милиони биле исковани во Хамбург.
Меѓутоа, важно е да се нагласи дека не се сите монети од ова издание еднакво вредни. Особено се барани оние со т.н. „fehlprägung“ – грешка во печатење или материјалот. Тоа се ретки примероци затоа што германските монети спроведуваат строги контроли во квалитетот поради што таквите монети се исклучително ценети меѓу колекционерите.
Стара мапа на Европа
Најчестите монети од 2008 година се оние кои сѐ уште ја имаат старата мапа на Европа. Германскиот весник „Меркур“ за овие примероци пишувал пред седум години.
Најтипичните грешки вклучуваат пукнатини во печатењето, т.н. „Stempelrise“ или ротиран мотив кој не е правилно израмнет.
Колекционерите особено бараат такви примероци, а на Јутјуб можат да се најдат бројни водичи кои помагаат во идентификување на таквите варијанти.
Меѓутоа, високата цена на „eBay“ не значи нужно дека монетите навистина ќе се продадат за толку пари.
Експертите советуваат да се консултирате со овластени лица за проценување при продажбата или купување на ретките монети за да добиете реален приказ на вредноста.