[ФОТО] Задача за второ одделение ги полуде Хрватите – нема шанси да успеете да ја решите

Точка

17/09/2025

14:33

891

Големина на фонт

а а а

Започна школската година, а со неа и маките со математиката (барем за некои). Математиката отсекогаш претставувала предизвик за многу ученици, а најдобар доказ за тоа е и една задача за второ одделение која ги полуде Хрватите.

Задачата ја споделила една девојка на Редит, која не можела да ја реши истата со нејзината помала сестра. Девојчето не ја разбирало задачата, па побарало помош од постарата сестра, но ниту таа, ниту пак корисниците на Редит не можеле да дојдат до решение.

„Дали јас сум луда или...?“, напишала таа покрај фотографијата од задачата од училишната збирка. Задачата гласи: „Нацртај две прави линии кои се сечат во три точки“.

Jesam li ja luda ili?
byu/IZI-bela inhrvatska

Хрватите во чудо

Екипата на Редит се потрудила да ја реши задачата, но и покрај големиот труд, не успеала. Многумина напишале дека не им е јасно како ваква задача воопшто се нашла во збирка за второ одделение.

„Ова ни Ајнштајн не би го решил“, „Ова е прашање на интервју за работа во државна служба кога немаш врски“, „Ова е грешка во формулирањето на задачата. Нема шанси деца во второ одделение да добиваат вакви комплицирани прашања“, се само дел од коментарите.

Бесконечен број на точки

Во еден од коментари некој напишал дека решението е поврзано со бесконечен број на точки.

„Единственото што го гледам е дека пишува дека се сечат во три точки, но не само во три (што значи дека потенцијално може и повеќе). Па, ако двете линии се една преку друга, тогаш се сечат во бесконечно многу точки, па можеме да избереме кои било три од нив. Или пак, можеби се очекува да се каже дека две различни прави линии не можат да се сечат во три само точки (но, никаде не пишува дека мора да бидат различни, па според тоа првиот одговор е единствениот технички точен одговор)“.

„Сепак, двете решенија ми се можеби малку прекомплицирани за некој во второ одделение, бидејќи на таа возраст не би требало да се зборува за совпаѓање на линии, а ни за бесконечен број точки, па мислам дека поентата е да се сфати дека такво нешто не е можно,“ заклучил тој.

Comment
byu/IZI-bela from discussion
inhrvatska

Го прашале и ChatGPT

„Ни ChatGPT не е доволно паметен за да ја реши оваа задача“, гласи еден од коментарите, а некој одлучил да го тестира тоа тврдење и го праша „ChatGPT“ како се решава задачата. Сепак, дури и AI потврди дека ваква задача не може да се реши.

„Ова всушност е мала загатка. Две прави линии во геометријата можат да се сечат најмногу во една точка. Затоа е невозможно две прави да се сечат во три точки. Задачата е поставена така што ученикот треба да сфати дека нешто не е можно и да одговори: ‘Ова не може да се нацрта’“, гласел одговорот на „ChatGPT“.

Сепак, повеќето се сложиле дека најверојатно задачата е погрешно поставена.