[ФОТО] Олеснување за сопствениците на миленичиња: Римскиот аеродром „Фјумичино“ отвори луксузен хотел за кучиња

Точка

22/09/2025

14:39

335

Големина на фонт

а а а

Меѓународниот аеродром „Фјумичино“ во Рим отвори луксузен хотел за кучиња, кој претставува еден од ретките такви во Европа, по слична иницијатива во Франкфурт.

Патниците повеќе не мора да се грижат за своите миленичиња, а вработените во хотелот дури доаѓаат и до терминалот за да ги преземат кучињата од сопствениците кои одат на пат, пренесе АП.



„Овој проект се вклопува во стратегијата за пружање на секаков вид услуга на патниците“ изјави Марилена Блази, од компанијата „Aeroporti di Roma“ која управува со двата аеродроми во италијанската престолнина.

Собите во хотелот за кучиња чинат околу 40 евра, а објектот вклучува под чијашто температура се контролира, како во приватна градина.



Ноќе на кучињата им се пушта амбиентална музика со ниска фреквенција од 432 херца, и има за цел кучињата да се опуштат што е можно повеќе.

Предвидени се и стандардни услуги на бањање, чешлање и чистење на забите на миленичињата, но и ароматерапија при која мирисите од лаванда и нане им помагаат на кучињата да се релаксираат.



Сопствениците на кои не им е доволна стандардната веб камера за проверување на состојбата на нивните миленичиња од далечина, можат за 60 евра да му обезбедат на нивното куче соба опремена со екран преку кој во секое време можат да побараат видеоповик и да се осигурат дека се е во ред.



Хотелот за кучиња на римскиот аеродром за сега се покажува како многу популарен, а сите 40 соби биле изнајмени во август кога инаку голем број Италијанци заминуваат на летен одмор.


Во мај, италијанската Управа за цивилно воздухопловство ги промени прописите што дозволуваа големи кучиња да бидат во кабините на авионите, под услов да бидат во специјални, обезбедени кафези, а како што изјави министерот за транспорт Матео Салвини, првиот таков лет треба да полета на 23 септември, пренесе АП.