На овогодишниот филмски фестивал во Венеција прикажани биле многу филмови кои го привлекле вниманието на критичарите.
Фестивалот е при крај, а наскоро ќе се дознае кои се добитници на наградите, а досега „Rotten Tomatoes“ објави кои филмови од овогодишниот фестивал се најдобро оценети на нивната страница.
На листата се и три филма кои имаат 100 отсто оцена од критичарите.
„No Other Choice“
Оцена: 100 отсто
Режисер: Парк Чан-вук
Синопсис: Ман-со работел во индустријата за хартија 25 години, бил задоволен од животот, чувствувал дека постигнал сѐ. Неговиот свет одеднаш се распаѓа кога компанијата го отпушта. Станува сѐ поочаен во својата потрага по работа.
„Father Mother Sister Brother“
Оцена: 100 отсто
Режисер: Џим Џармуш
Синопсис: Долгометражниот филм е внимателно конструиран во облик на триптих. Сите три приказни се занимаваат со односите меѓу возрасни деца и нивните оддалечени родители. Секое од трите поглавја се одвива во сегашноста и секое во различна земја.
„Cover-up“
Оцена: 100 отсто
Режисери: Лаура Поитрас, Марк Обенхаус
Синопсис: Политички трилер којшто ја следи експлозивната кариера на истражувачкиот новинар Сејмор, добитник на Пулицерова награда. Филмот истовремено е портрет на новинарот и обвинение против институцијалното насилство и циклус на неказнивост во американската војска и агенциите за известување.
„Bugonia“
Оцена: 91 отсто
Режисер: Јоргос Лантимос
Синопсис: Двајца млади луѓе кои се опседнати со теории на заговор ја киднапираат моќната директорка на голема компанија, убедени се дека таа е вонземјанин со намера да ја уништи планетата Земја.
„The Testament od Ann Lee“
Оцена: 89 отсто
Режисерка: Мона Фастволд
Синопсис: Станува збор за историско-биографски мјузикл којшто го следи животот на насловната хероина Ан Ли, основач на „Shakers“, радикално верско движење кое започнало кон крајот на 18 век.
„A House of Dynamite“
Оцена: 89 отсто
Режисерка: Кетрин Бигелоу
Синопсис: Кога во САД ќе се лансира една неутврдена ракета, почнува трката во одредување кој е одговорен и како ќе одговара.
„Jay Kelly“
Оцена: 85 отсто
Режисер: Ноа Баумбах
Синопсис: Славниот филмски актер Џеј Кели и неговиот лојален менаџер Рон почнуваат едно необично и длабоко патување низ Европа. Попатно и двајцата се принудени да се соочат со изборите кои се донесени, односите со саканите и наследството кое го оставаат зад себе.
„The Smashing Machine“
Оцена: 82 отсто
Режисер: Бени Сафди
Синопсис: ММА борачот Марк Кер го достигнува врвот на кариерата, но се соочува со лични проблеми.
„Frankenstein“
Оцена: 78 отсто
Режисер: Гилермо дел Торо
Синопсис: Брилијантен, но егоистичен научник оживува суштество во монструозен експеримент коешто доведува до опасност.
„La Grazia“
Оцена: 76 отсто
Режисер: Паоло Сорентино
Синопсис: Италијанскиот претседател Мариано де Сантис, верен католик и искусен правник се двоуми околу тоа дали треба да го потпише законот со којшто се легализира евтаназијата, а истовремено мора да ги разгледа молбите за помилување на две лица кои ги убиле своите партнери.
„After The Hunt“
Оцена: 52 отсто
Режисер: Лука Гвадањино
Синопсис: Возбудлива психолошка драма за универзитетската професорка која ќе се најде на лична и професионална крстосница кога студентка ќе изнесе обвиненија против еден од нејзините колеги, а мрачната тајна од нејзиното сопствено минато се заканува дека ќе излезе на виделина.