Венецијанскиот филмски фестивал официјално заврши.
За време на настанот, имавме можност да видиме гламурозни, но и ризични креации за кои ќе се зборува сè до следната година.
Меѓутоа синоќа најголем впечаток синоќа остави бразилската убавица Алесандра Амбросио, која за самиот крај одлучи да внесе допир на стариот гламур.
Таа прошета по црвениот килим во пудра розов фустан украсен со долга опашка и интересни сребрени детали.
Може да се каже дека самата креација е комбинација од гламурозно и провокативно, бидејќи има длабоко деколте, но и шлиц што ги откри нејзините витки нозе.
Стајлингот го надополни со едноставни аксесоари – златен ѓердан и едвај забележливи обетки.
Косата ја стилизираше на наједноставен начин – се одлучи за благи бранови, но и за шминка во земјени тонови што само малку ги истакна нејзините природни црти на лицето.