Александар Динев и Ева Јовановска, млади инфлуенсери од домашната сцена кои сѐ повеќе ги освојуваат симпатиите на јавноста - повеќе не ги кријат емоциите и јавно зборуваат за нивната љубов и споделуваат детали од нивниот приватен живот.
Па така, овојпат за читателите на Точка открија летна случка, којашто всушност ги зближила, односно на тој начин се запознале, а останатото е само една прекрасна љубовна приказна.
Како што ни раскажуваат, Ева е „позната по тоа што често знае да ги загуби своите лични предмети“, па така во еден момент си го загубила својот мобилен телефон и побарала помош од пријател, којшто всушност во моментот снимал спот со Александар. Тој веднаш сакал да помогне за „девојката“ да си го пронајде телефонот и тргнал заедно со другарот во „спасувачка акција“.
Целата летна и интересна ситуација можете да ја слушнете во видеото, кое веруваме дека ќе ви измами насмевки, а ние се надеваме дека Евче секогаш кога ќе загуби некој личен предмет - причината позади тоа ќе биде многу поголема, како што овојпат била да го запознае своето идно момче.
Автор: Ц.Н.