[ВИДЕО] Се шири вирална снимка: Студената прегратка на Ариана и Сабрина од доделувањето на МТВ видео наградите поттикна шпекулации

Точка

08/09/2025

18:00

1.729

Големина на фонт

а а а

Непријатната интеракција помеѓу Аријана Гранде и Сабрина Карпентер на доделувањето на наградите „МТВ Видео Музички Награди“ (VMA) во недела, 7 септември, стана вирална, а истата детално ја анализирала експертка која го проучува говорот на телото.

Пејачките присуствува на свеченото доделување во „UBS Arena“ во Њујорк, каде што беа наградени за нивната работа во текот на изминатата година. Иако овогодишната церемонија на доделување награди не беше полна со големи скандали, токму „студената“ прегратка помеѓу Гранде и Карпентер стана главна тема на дискусија на социјалните мрежи.


Снимката што се прошири на интернет ги прикажува двете поп-ѕвезди како разговараат зад сцената. Во еден момент, тие се прегрнале, но дошло до непријатност кога Карпентер сакала да се прегрнат уште еднаш, а Гранде не ѝ возвратила на ист начин.


Џуди Џејмс, експертка за говор на телото, за Дејли Мејл ја коментираше оваа ситуација. „Аријана ги испружи рацете за ладна, делумна прегратка што има „сопирачки“ со држење за лактите. Има малку танцување на место од возбуда, но е прилично придушено во споредба со восхитувачкото бакнување на рацете што го направи со Лејди Гага“, објасни таа.

„Аријана вечерва изведе многу акти на обожување, понижување и почит, но сигналите на говорот на телото од нејзиниот ритуал на поздравување со Сабрина вечерва сугерираат дека таа го задржала својот статус останувајќи доста смирена“, додаде таа.


Таа нагласи дека говорот на телото изгледа професионален, но не и интимен. „Говорот на телото овде изгледа професионален … но со фаќањето за лакт, сугерира дека овие две ѕвезди не се познаваат многу добро“, заклучи таа.