Братот му починал во раце: Пораснал во секта каде инцестот бил одобрен, просел на улица, а денес е една од најголемите холивудски ѕвезди

Точка

06/09/2025

11:00

1.974

Големина на фонт

а а а

Популарниот актер и добитник на Оскар - Хоакин Феникс, се појавил на премиерата на филмот „The Voice of Hind Rayab“, каде ја толкува главната улога.

На црвениот тепих на Венецијанскиот филмски фестивал заблескал во друштво на филмската екипа, но и сопругата Руни Маре што предизвикало голем интерес во јавноста со оглед на тоа што парот ретко се појавува заедно на настани.

Хоакин и Руни се запознале во 2012 година во текот на работата на филмот „Her“, но врската ја започнале неколку години подоцна, додека заедно го снимале филмот „Mary Magdalene“.

Љубовта подоцна ја крунисале со веридба во 2019 година, а Хоакин во 2024 година во поткаст открил дека се венчале. Денес имаат две деца.


Хоакин Феникс за љубовта и животните борби

Актерот во истиот поткаст зборувал за емотивните моменти и својот популарен Оскар од 2020 година. Тој открил дека говорот за Оскарот го смислил додека разговарал со својата мајка и својата сопруга.

„Таа е единствената девојка за која пребарував на интернет. Бевме пријатели кои се допишуваа по мејл. Никогаш претходно не сум правел нешто такво, никогаш не сум пребарувал некоја девојка“, признал актерот.

Една година по веридбата го добиле синот Ривер, наречен по братот на Феникс. Во февруари 2024 година Руни открила дека го чекаат второто дете.


Трагедија која го одбележала животот на актерот

Во својот говор, Феникс го истакнал значењето на екологијата и љубовта, а публиката се расплакала кога цитирал стихови од неговиот брат Ривер кој ги напишал кога имал 17 години: „Спаси се со љубов и мирот ќе те следи“.

Ривер Феникс којшто брилирал во неколку филмови починал во 1993 година на 23 години од предозирање со наркотици и тоа на рацете на неговиот помлад брат.

На доделувањето на Оскарите, покрај Руни, Хоакин го бодреле и неговата мајка Арлин како и сестрите Рејн и Самер кои исто така се занимаваат со актерство. Актерот има уште две сестри, Џодина и Либерти кои исто така го избрале патот на актерството.


Од тежок почеток до врвот на Холивуд

Иако денес е врвен актер, Хоакин поминал долг и тежок пат. Како дете живеел во сектата „Божји деца“, поточно секта која ги поттикнувала сексуалните односи меѓу возрасни и деца, групен секс и инцест. Подоцна просел на улица и се соочил со бројни трагедии.

Без оглед на тоа, тој излегол како силен човек, следејќи го својот талент и љубов кон актерството.

Денес светот го знае како еден од најталентираните и најскромни актери на својата генерација.