[ФОТО] Новак се сретна со најзгодната пејачка на светот со тело на божица: На синот му ја исполнила најголемата желба поврзана со славниот Србин

Точка

03/09/2025

09:45

7.385

Големина на фонт

а а а

УС Опен од година во година го посетуваат познатите личности на трибините и сигурно е водечки гренд слем турнир кога станува збор за славните посетители.

Голем број од светските ѕвезди можеме да ги видиме и на натпреварите кои ги игра Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер има голем број планетарно популарни обожаватели, меѓу кои и пејачката Сиара.


Сиара и нејзиниот сопруг Расел Вилсон срдечно се поздравиле со Новак Ѓоковиќ којшто на Инстаграм објавил заедничка фотографија со порака: „Благодарам што сте тука. Се надевам дека ќе уживате“.

Синот на Сиара, Фјучр, сакал да се запознае со Новак Ѓоковиќ, па УС Опен бил одлична шанса тоа да се реализира. Момчето сигурно оваа средба ќе ја памети долго, а Новак уште еднаш покажа дека е омилен меѓу светските ѕвезди.


Сиара и Расел Вилсон кои се во брак од 2016 година се сметаат за еден од најдобрите парови меѓу познатите, нејзиниот стил особено е фален во медиумите, па таа репутација ја оправдала и на трибините на тенискиот турнир во Њујорк.

Сиара се смета за една од најзгодните пејачки и додека претходно на полето на модата главно ја имитирала Бијонсе, денес има оригинален стил. Модата ја обожува, но исто така и тенисот, па со децата и сопругот гледала повеќе натпревари досега.


Пејачката Сиара пред речиси две години го добила четвртото дете, ќерката Амора Принцес Вилсон. „Те сакаме многу“, порачала таа на Инстаграм кога објавила дека се породила.

Со сопругот ја има и ќерката Сиена (7) и синот Вин (5). Сиара која успешно се занимава и со актерство, од врската со раперот Фјучр го има 11-годишниот син којшто го носи татковото име.


Во текот на четвртата бременост Сиара, гордо го покажувала трудничкото стомаче во јавноста, следејќи го примерот на Ријана која го негува тој тренд и наскоро ќе стане мајка по трет пат.