По раскинувањето со пејачката Кејти Пери, актерот Орландо Блум за првпат јавно проговори за својата емотивна состојба и нивниот развод.
Познат по тоа што ретко говори јавно за приватниот живот, 47-годишниот актер ни овојпат не кажал премногу зборови, но јасно дал до знаење како се чувствува.
„Одлично сум. Толку сум благодарен“, изјавил Блум, нагласувајќи дека нивната петгодишна ќерка Дејзи претставува најголем дар за него.
„Ја имам најубавата ќерка. Кога сѐ ќе оставиш на терен, како што јас направив во новиот филм, ќе се почувствуваш благодарен за сѐ“.
Во својот осврт за моменталниот однос со поранешната партнерка, додал краток, но моќен заклучок:
„Ние сме добро, ќе бидеме добро. Ништо освен љубов“.
Да ве потсетиме, веста за раскинувањето на парот беше потврдена на 3 јули, кога нивни претставници соопштиле дека Кејти и Орландо повеќе не се заедно. Извор близок до пејачката тогаш истакнал дека Кејти има јасна намера да одржи позитивен и однос полн со почитување со Блум.
„Тој е татко на нивната ќерка и тоа секогаш ќе биде приоритет“, рекол изворот додавајќи дека поминале низ многу работи заедно и дека иако одлучиле да тргнат по различни патишта, меѓу нив и натаму има заемна почит.