Малку од паровите со таква леснотија успеале да ја освојат публиката и да добијат бодрење од милиони луѓе дека нивната љубов треба да успее, како што тоа е случај со Памела Андерсон и Лијам Нисон, меѓутоа...
Кога се појавија гласините за врската на Памела Андерсон и Лијам Нисон, светот беше толку нежен и маѓепсан што воопшто не се доведе до прашање што значат нивните насмевки, погледи, прегратки.
Експертите за говор на тело спомнале дека иако се почитуваат, тие не делуваат како да се заедно, а сега извори блиски до актерката тоа на некој начин го потврдиле. Наводно, љубовта на ѕвездите од Холивуд навистина би можела да биде маркетинг трик.
Како што пишува „TMZ“, зад планот Лијам Нисон и Памела Андерсон да ја убедат публиката дека се заљубени, стои „Paramount“ и портпаролот на популарните актери и не само што тие не се во врска туку не се ни виделе повеќе од една година.
„Ни беше кажано дека Памела и Лијам не биле видени еден со дуг од моментот кога камерите се исклучиле во јуни 2024 година до почеток на промотивната турнеја, една година подоцна, во јули 2025 година“, пишува таблоидот.
На кратко, порталот тврди дека односот на актерите е строго деловен, без грам романтика.
Доколку тоа е вистина, им успеало затоа што „Гол пиштол“ во кината е хит и досега заработил дупло повеќе од вложените 42 милиони долари.
„Сѐ меѓу нив беше искрено. Ниту еден од двајцата не учествуваше во маркетинг трката. Не им треба таков публицитет“, тврди извор близок до холивудските ѕвезди.
Што мислитe вие?