Српските репрезентативци му честитаа роденден на селекторот Пешиќ со хит видео

Дерби

29/08/2025

13:23

259

Големина на фонт

а а а

Светислав Пешиќ е најискусен тренер меѓу селекторите кои се дел од европското кошаркарско првенство, а истовремено ја води и репрезентацијата на Србија, која е главен фаворит за златото на овој турнир.

Харизматичниот и трофеен српски стручњак вчера го прослави 76. роденден, а српските репрезентативци се вклучија во посебниот ден со славеникот со хит видео.

Богдан Богдановиќ и тројца негови колеги му го честитаа роденденот на Пешиќ на уникатен начин, реконструирајќи го неговото легендарно загревање на тренинзите на националниот тим.

Видеото изнуди искрена насмевка на лицето на популарниот „Кари“, а Пешиќ си доби и роденденска торта.