[ВИДЕО] Сабаленка направила сериозен лапсус во емисија во живо – Алкараз се „заканил“ дека ќе го напушти студиото: „Карлосе, многу ми е жал! Ова ми е најголемиот блам во животот!“

Точка

09/09/2025

15:54

1.493

Големина на фонт

а а а

Победниците на САД Опен, Арина Сабаленка и Карлос Алкараз, беа гости во популарната американска телевизиска емисија „The Today Show“, но нивното гостување го одбележа еден интересен момент што ги насмеа сите во студиото и гледачите пред малите екрани.

Додека Белорусинката објаснувала како со Алкараз имале план да снимат заедничко видео на „ТикТок“, наместо името на Шпанецот, таа по грешка го изговорила името на неговиот најголем ривал, Јаник Синер.

Карлос во шега се заканил дека ќе ја напушти емисијата, додека Арина ја држела раката на неговото рамо и се извинувала.

„Карлосе, човече, многу ми е жал“, рекла Сабаленка.

„Девет часот наутро е, па ќе ти простам. Сè е во ред“, искоментирал Алкараз со насмевка на лицето.

Сепак, сета оваа ситуација несомнено била непријатна за харизматичната Белорусинка:

„Ова е најголемиот блам во мојот живот“, додала Сабаленка.