[ВИДЕО] Пукна „петарда“ во Скопје: Македонија со доминантно издание го потопи Лихтенштајн, ремек-дело на Елмас

Дерби

07/09/2025

20:22

1.834

Големина на фонт

а а а

Македонската фудбалска репрезентација ја оправда фаворитската улога на натпреварот со Лихтенштајн, и тоа не било како, туку со „петарда“ во мрежата на гостите од Вадуц.

Благоја Милевски најави дека македонската селекција нема да игра опуштено против било која селекција додека тој е селектор, па тоа што беше нагласено на вчерашниот прес, денес беше преточено на терен.

Милениците на Милевски од првата минута максимално сериозно си ја сфатија работата и не му дадоа никаква шанса на противникот, а голеадата беше најавена со ремек-дело за најавните шпици од Елиф Елмас.

Македонскиот фудбалски дијамант со соло-бравура го отвори резултатот и донесе предност во 15-та минута, но за целосна рапсодија на „Тодор Проески“ се чекаше до второто полувреме.

Енис Барди погоди за 2:0 по одличното додавање од дефанзивецот Илиевски, на 3:0 зголеми Чурлинов до 56-та минута, но во финишот видовме уште два гола.

Ќамили ја искористи минутажата и погоди по асистенцијата од Алиоски, а истото го направи и Лука Станковски за премиерен гол и конечни 5:0 за Македонија против Лихтенштајн.

Со овој триумф, Македонија останува прва на табелата и септемврискиот циклус го затвора на најпосакуван можен начин.

Головите погледнете ги ТУКА.